Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.
Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.
Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.