Во регионот се повлекуваат сладоледи со пестициди, Македонија ќе спроведува инспекциска контрола

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Граѓаните од регионот се во паника откако во јавноста протече информацијата дека во Србија од продажба е повлечен сладолед кој содржи поголемо количество на адитивот етилен-оксид. Во Хрватска и во Босна и Херцеговина каде што се продава овој производ, граѓаните кој го консумирале се во страв од тоа какви реакции може да очекуваат. Освен сладоледот повлечени се уште неколку производи за кои постои сомнеж дека ја содржат оваа хемиска супстанција. Станува збор за производите под називот M&M, Snickers и Twix, кој се увезени од земјите на Европската Унија.

Министерството за земјоделство на Хрватска, уште во петокот, заедно со увозникот од претпазливост ги повлекле производите „Snickers еxtra ice cream“ 66 g-single, „Snickers ice cream“ 48 g – 6 pack box, „Twix ice cream“ 47 g – single, „Twix ice cream“ 34,2 g – 6 pack box, „Bounty ice cream“ 39,1 g – 6 pack box и „M&Ms peanut ice cream stick“ 62 g – single.

Производите кои се отповикани имаат различни датуми на истекување и број на серии, а со известувањето е објавена и табела со повлечените производи.

Оваа информација го вклучи алармот и кај нас, со оглед на фактот дека овие производи се продаваат и на нашиот пазар. Од нашата Агенција за храна и ветеринарство нè информираа дека во вторникот попладне добиле нотификација од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на ЕУ и оти контролите се веќе во тек.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за „Плусинфо“ информираат дека вчера попладне до нив е пристигната нотификација (број 2021.3720) од системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, која е поврзана со увезени небезбедни кондиторски производи коишто во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот „locust bean gum“.

Овие производи имаат различен датум за истекот на рокот на употреба и различни сериски броеви кои не се во согласност со прописите на Европска Унија за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната за човечка употреба. Бројот на лотот на адитивот кој е вграден во сладоледот е 0013925497.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи