Во Прилеп состојбата со пожарите се уште нестабилна, засега нема воздушна поддршка


Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување и со командирот на ТППЕ  кој управува со сите единици со армијата, со припадниците на македонски шуми и јавните комунални претпријатија, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Во овој момент можам да кажам дека пожарот што беше на потег Топлица е локализиран за среќа и регионалниот пат Прилеп- Гратско е прооден повремено се појавува пожар околу селата Топлица и Ракле, но теренскиве екипи го гаснат. Како проблем го гледам пожарот кај Смолани кај што гори нискостеблеста шума и многу блиску е до боровата шума која во секој момент се очекува во зависнот од силината на ветрот да го зафати и тој дел. Токму затоа побаравме воздушна поддршка, јас разговарав со директорот на Центарот за управување со кризи  и ми беше кажано дека во овој момент не се во можност да обезбедат воздушна поддршка зошто градовите Делчево и Пехчево каде е огнената стихија голема,  има поголема потреба од воздушна поддршка“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

 

 

Тој исто така посочи дека во моментот се приклучуваат и луѓе кои ќе можат да гаснат пожар со грбни пумпи (напртњачи), а исто така барањето упатено до Центарот за управување со кризи останува отворено. Градоначалникот Јованоски е во постојан контакт со сите одговорни и вкучени единици во екот на справување со пожарите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи