Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира производителите на градинарски култури и овчарите дека на нивните сметки исплатени се парите за субвенции.
На сметките на вкупно 3.124 сточарикои имаат поднесено барање за директни плаќања за обележани и одгледани овци, исплатени се над 633,4 милиони денари, додека на 10.547градинари исплатени се над 233,4 милиони денари.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средствата за оние апликанти кои имаат поднесено барања за директни плаќања за обележани и одгледани овци и за градинсрски култури. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и оваа поддршка ги следува сите кои правно – законски се стекнале со право на користење на истата.
„По исплатата на градинарите и овчарите, ќе се исплатат и тутунарите кои беа должници за вода или пашарина.Исто така во текот на наредната недела се очекува да се процесираат и исплатите за субвенциите за обележани грла говеда. Вработените веќе работат и на процедурата за дополнување на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација или попознато како картички за зелена нафта“, истакна Бачовски.
Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со обработка на пристигнатите барања за останатите мерки и по нивната обработка ќе се врши исплата. Политиката за неселектива исплата на субвенции продолжува токму во период кога средствата им се најпотребни. Грижата за земјоделците беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, нивно е да продолжат да произведуваат земјоделски култури а Платежната Агенција како и досега ќе биде партнер кој преку мерките ќе ги стимулира да го зголемуваат производството и да го подобруваат квалитетот на домашно произведени култури.