ЦУК го претстави системот НИКС со кој се дигитализира следењето на состојбата со пожарите


Центарот за управување со кризи на денешната прес-конфернеција го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен, со цел да бидат регистрирани во централата од кадешто раководи со состојбите Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

„Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен одосно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар, за којшто постои можност повторно да се реактивира. Како што веќе во повеќе наврати кажавме изгаснатите пожари понатаму претставуваат опасносат бидејќи доволно е само малку ветер и повторно на истото место истиот да се разгори. Сите податоци од терен ги имаме на едно место, тоа помага на Главниот штаб да носи квалитетни одлуки, да врши подобра координација на силите на терен“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Директорот на ЦУК нагласи дека во овој момент треба сите да се солидализираме и секој кој колку може да помогне да се изгнасат овие пожари.

„Од нашата перцепција сметаме дека свеста за пожарите кај граѓаните е значително зголемена, благодарение на медиумите. Граѓаните сфатија каква е опасноста. Полицијата активно работи на терен и добиваме и пријави за лица кои што одат намерно да запалат пожар. Веќе неколкумина беа уапсени, за неколку пожари ги знаеме и причините. Тоа помага да се намали бројот на пожари. Постојано треба да се апелира за општите мерки за безбедност“, рече Ангелов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи