Заев: Ако не се донесе законот, постои можност за гласање и со истечена лична карта


Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека за претстојните локални избори за да се оствари правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение оние граѓани кои немаат важечка лична карта да гласаат.

Проблемот постои со месеци, нови лични карти не се издаваат, предлог-законот за лични карти е блокиран, со повеќе од 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, а 1.200 се од партијата Левица.

Според Заев, Левица со овие амандмани нанесува непоправливи штети.

„Политичката партија БЕСА овој предлог го поднесе со одложено дејствие од 2023 и со можност Европа да се изјасни по ова прашање. Но, Левица заклучи да го блокира и со таа блокада, патат, плачат и трпат граѓаните. Над 40.000 лични карти не се издадени, а се поднесени барања од граѓаните. Некои од нив се првпат. Еден дел се истечени.

Првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се изнајде решение, а второ е со правилници и одлуки Министерството за правда да даде можност и со истечена лична карта и без пасош да може да се гласа.

Имало таква можност да се гласа и со истечени лични карти претходно, но проблемот е што граѓаните во банките не можат да земат пензија или социјална помош. Тука се бара решение, веќе разговаравме на Влада“, рече денеска Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи