Новите рестриктивни мерки против Ковид-19 ги испразнија кафулињата во Прилеп. Прилепските угостители останаа со празни тераси, враќајќи ги гостите кои немаат сертификати за примена вакцина или доказ за прележан коронавирус.
Покрај угостителските објекти, сега и во шопинг центри, обложувалници, казина и на спортски настани ќе влегуваат само тие со примена барем една доза вакцина или прележан Ковид-19 најмногу пред 45 дена сметано од денот кога завршила изолацијата.
Со цел да се поттикне вакцинацијата, Владата усвои и неколку други мерки. Од 1 септември за влез во земјава ќе биде неопходно да се приложи сертификат за комплетна имунизација со примени две дози вакцина, доказ за прележан Ковид-19 најмногу пред месец и половина или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Во спротивно граѓаните ќе мора да седат во 7-дневен карантин во домашни услови.