Американската Агенција за храна и лекови побара од граѓаните да престанат да користат ветеринарни лекови за лекување на Ковид-19.
Ова предупредување дојде откако забележани неколку случаи каде пациенти биле хоспитализирани по користење на лекот ивермектин.
„Не сте коњи, не сте крави. Сериозно, престанете“, напишаа од ФДА на нивниот Твитер профил.
You are not a horse. You are not a cow. Seriously, y’all. Stop it. https://t.co/TWb75xYEY4
— U.S. FDA (@US_FDA) August 21, 2021
Ивермектин, кој не е противвирусен лек, генерално се користи за лекување или спречување на паразитски заболувања кај животните.
ФДА нагласи дека никогаш не одобрила ниеден облик на ивермектин за употреба или лечење од Ковид-19 кај луѓето, но во американските болници беа хоспитализирани неколку луѓе кои го користеле лекот наменет за животни.
129