Авганистанците ќе бидат сместени на периферија на Скопје


АНБ и МВР прават безбедносни проверки на имињата на Авганистанците кои се на листите и треба да бидат згрижени во Македонија.

„Не знеме кога ќе пристигнат. Требаше првата група да стигне уште минатата недела, но работите зависат од состојбите на аеродромот во Кабул и од организацијата на летовите. Ние сме подготвени кога и да стигнат, велат од Владата за Дојче веле.

За Авганистанците веќе се обезбедени сместувачки капацитети на периферијата на Скопје. Од безбедносни причини имињата на објектите не се откриваат. Тие заедно имаат капацитет да ја примат бројката на која се обврза Владата – 650 лица, а доколку има потреба, ќе се искористат и понудите на други објекти.

Како што е веќе објавено, станува збор за прием на локално население од Авганистан, пред сѐ, семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои во изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската Армија.

Овие лица треба да добијат визи за привремен престој од 90 дена. Фактот дека добиваат виза за привремен престој од 90 дена, според Владата, не значи дека сите толку и ќе останат. За некои било најавено дека многу брзо ќе бидат транспортирани во трети земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи