Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарски прашања денеска истакна дека Владата ги следи состојбите и ако заеднички одлучи дека финансиските импликации се толку големи што изискуваат одредена поддршка, тие ќе седнат во Владата и ќе разговараат.
„Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени. Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно“, рече Битиќи.