Се разгледува можноста вработените во министерствата, органите на државната управа, како и локалната самоуправа да се стават на располагање за претстојниот попис.
Државниот завод за статистика се уште не го собра потребниот бројот на попишувачи. Денеска завршува последниот рок за пријавување на заинтересираните за попишувачи. Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше неколку пати продолжуван до 25 август.
Владата на вчерашната 101. седница донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност.