По извршените анализи и теренски испитувања во партијата, ИО на СДСМ одреди нови 16 кандидати за градоначалници, информира генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Според објавеното, СДСМ на локалните избори ќе „трча“ во Прилеп со Горан Сугарески, во Свети Николе со актуелниот градоначалник Сашо Велковски, во Карпош со Душко Весковски, во Аеродром со пратеникот Александар Филиповски, во Тетово со Хемдије Елезовиќ, во Сопиште со Сашо Стојановски, во Чешиново-Облешево со Горан Крстев, во Велес со пратеникот Ненад Коциќ.
Вкупно се објавени 50 имиња на кандидати за градоначалници, плус Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Скопје.
Останатите 30 кандидати кои веќе официјално се познати, СДСМ ги објави на 13 јули, меѓу кои, повеќето се актуелни градоначалници.
„Сите овие кандидати се убедливи фаворити на локалните избори“, вели Николовски.