За овие 2 години во гимназијата се вложени 800.000 евра, дел се реализирани, дел се во тек на реализација. Ланската година беше целосно реконструиран покривот со средства од Министерството за образование, оваа година се врши целосна реконструкција на фасадата, на дограмата и создавање на подобри услови во внатрешниот дел. Истакна директорот на прилепската гимназија, Димче Настоски.
„Посебно се уредува подрумскиот дел каде ќе се добијат нови 4 простории и со тоа ќе се создадат услови за започнување на кабинетска настава во гимназијата. Исто така со овие средства во висина од 400.000 евра се од Министерството за образаовние, а со средства од локалната самоуправа и дел средства од Министерството за животна средина ќе се гради нова котлара, која ќе биде прва во Прилеп на гас и на нафта, која што ќе го подобри затоплувањето и со изолацијата што ќе се прави на фасадата ќе се создадат многу подобри услови.
Исто така од локалната самоуправа се обезбедни средства за целосна реконструкција на водоводната, канализациската мрежа и на партерното решение, односно целосно покривање со асфалт на онаа површина што е во училишниот двор.
Со ова се создаваат многу подобри услови, но поради специфичноста и обемот на работата морам да кажам дека во договор со министерката и во договор со градоначалникот, за жал оваа година првите месец, два ќе мора да ја започнеме со онлајн настава, бидејќи не постојат минимални услови, цело е раскопано, за да може да се обезбеди безбедност на учениците, а во договор со советот на родители, во договор со училишниот одбор е поддржана таа наша иницијатива и сега во договор со министерката ќе почнеме со онлајн во првите 50-60 дена, додека заврши она обемното, а потоа продолжуваме со физичка настава“, рече Настоски.