Денес во посета на општина Прилеп е министерката за образование, госпоѓа Мила Царовска со која што заедно направивме увид во градежните работи во гимназијата „Мирче Ацев“, каде се врши комплетна реконструкција на најголем дел од гимназијата и што во наредните 2 месеци тоа ќе биде направено. Исто така направивме увид и во основното училиште „Кире Гаврилоски Јане“, каде што е во завршна фаза спортската фаза, која за жал после 60 години се прави во ова основно училиште. Ова денеска го изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, при посетата на министерката Царовска на Прилеп.
„Од овој момент, после месец октомври мислам дека учениците ќе имаат можност подобро да се чувствуваат, часот физичко воспитување да им биде вистинско задоволство, а не како досега без спортска сала, во надворешни услови да ги одржуваат часовите по физичко воспитување. Што се однесува до наставата во нашата општина, спремни се и основните и средните училишта за почеток со физичко присуство од 1 септември.
Реконструкција е направена скоро во сите средни и основни училишта, во најголем дел, набавивме за оваа година ИТ опрема и дедактички средства за сите основни училишта, од што за ИТ опрема потрошивме 25 милиони денари заедно и 11 милиони денар за основните училишта, за учениците од прво до четврто одделение.
На задоволство на сите, на учениците, на наставниот кадар, на родителите и сите нас ќе биде успешен почетокот на оваа школска година од 1 септември, како што кажав ние сме спремни за физичко присуство на сите ученици во сите основни и средни училишта“, истакна Јованоски.