Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година, информираат од Државната изборна комисија.
„Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се 9 барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и 3 барања за измена на податоците во Избирачкиот список“, се наведува во соопштението од ДИК.
До Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 14 барања.