Исплатата на августовските пензии ќе почне на 31. август


Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.

Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во 4 групи.

– За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник);

– За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда);

– За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток);

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи