Денеска, 26 август, се одбележува Светскиот ден на кучето. Празникот за прв пат бил прославен во 2004 година, а предлогот за тоа дошол од американската љубителка на домашни миленици Колин Пеј.
,,Кучето е единственото суштество на планетата што што ќе те сака повеќе од самото себеси” – Josh Billings
Неколку неверојатни факти за кучињата
Тие имаат осет за време;
Тие се паметни колку 2-годишно бебенце;
Тие се љубоморни;
Помагаат да лачите среќни хормони;
Имаат три очни капаци. Многу сопственици на кучиња не го знаат овој факт. Третиот капак го штити и навлажнува окото;
30% од далматинците се глуви на едното уво;
Песната на The Beatles ‘A Day in the Life’ има фрекфенција што само кучињата може да ја слушнат;
Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник;
Салуки е најстарата раса на кучиња. Расата датира од 329 година п.н.е. кога биле чувани како кралски кучиња во Древен Египет;
Чау Чау и Шар Пеј кучињата имаат црни јазици. Интересно е што причината за црната боја на нивниот јазик е непозната.