Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 25.08.2021 до 07.00 часот денеска (26.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 514 полициски службеници, реализирани 205 мото-патроли и користени 145 моторни возила.
На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.
Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.