Автомобилскиот производител Волксваген до 2030 година има план да продава исклучиво електрични возила ширум Европа.
Волксваген бара начини да ги намали трошоците поради скапата ЕВ иднина, а еден од начините да се заштедат пари е поедноставување на погонските опции. Затоа, Волксваген го фаворизира DSG менувачот во однос на мануелниот.
Имено, се смета дека следната генерација на Тигуан, кој треба да пристигне на пазарот во 2023 година, ќе се понуди исклучиво со автоматски менувач. Истата година, унапредениот Пасат исто така ќе ја загуби оваа опција во својата понуда.
Овој потег не само што ќе има силно влијание врз VW брендот, туку и групацијата севкупно, што значи дека се наближува крајот за мануелните менувачи и за возилата од Шкода, Сеат и Ауди.