Од денеска ограничувањето на брзината од 30 километри на час важи речиси во целиот Град Париз, а одредбата не се однесува само на периферијата на градот и на неколку од најважните улици, како булеварот „Марешо“ и други поважни сообраќајници во западен Париз.
Најновата иницијатива е дел од напорите на француската престолнина за борба против климатските промени и промена на односот на граѓаните кон нивните возила, пренесува агенцијата АП, а целта е исто така да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се направи Париз попријатен за пешаците.
Анкетите покажуваат дека повеќето граѓани ја поддржуваат оваа идеја со надеж дека ќе ги направи улиците побезбедни и потивки.