Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породи Авганистанката која вчера пристигна во Скопје, а беше во доцната 39-та недела од бременоста.
Таа родила здраво машко дете тешко 3 килограми и 200 грама.
Бебето и мајката се чувствуваат добро. На мајката и бил направен тест кој бил негативен.