Гугл нема да бара од своите вработени да се вратат во канцелариите најмалку до 10 јануари 2022 година, соопшти извршниот директор Сундар Пичaи.
„После 10 јануари, ќе им овозможиме на земјите и локациите да одредат кога вработените ќе се вратат во канцеларија, врз основа на локалните услови, кои многу се разликуваат од канцеларија до канцеларија“, рече Пичаи.
Вработените ќе добијат известување на 30 дена пред да се побара од нив да се вратат.
Ова е втора одлука на Гугл за пролонгирање на враќањето во канцелариите во последните месеци, откако го одложи враќањето од септември за октомври.
Причината е загриженоста поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот.