Германска амбасада: Страницата за 4.750 работни визи за Германија прегледана 50.000 пати за неколку часа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Една од најпримамливите дестинации за работа за Македонците е Германија.

Аплицирањето за работните визи кое беше отворено неделава, за само неколку часа, имало над 50 000 прегледи, соопшти  денеска Германската амбасада во Скопје.

По негативните коментари од страна на граѓаните, Германската амбасада на социјалните мрежи објаснува дека станува збор за одредена квота и само дел од граѓаните може да добијат прилика.

„Почитувани дами и господа,

драги пријатели на Германија,

изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата:

Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.    

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас“,

Со почит,

Анке Холштајн, Амбасадорка


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи