Во рамки на еразмус+ проект во периодот од 01-03.09.2021 се реализираше последната средба од проектот 2018-1-CZ01-КА229-047990-2 „Училишта за медицински сестри од Чешка, Финска, Македонија и Шпанија споредуваат постапки за извршување на здравствена нега”.
„Заради актуелната Ковид ситуација, партнерите од Шпанија и Финска не беа во можност да дојдат во нашата земја. Заради протоколите за заштита активностите не можеа да се одвиваат во нашето училиште. Но гостите имаа можност да се запознаат со позначајните обележја од нашиот град, музејот, галеријата со икони, музејот при институтот за тутун. Исто така, гостите имаа можност да го посетат вакциналниот пункт и да видат како се изведува процесот на вакцинација“, истакна Петра Лукароска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.