„Трка за Независност“ беше насловена уличната трка долга 5 км. која вчера се одржа низ улиците во Крушево по повод 8 Септември, денот на независноста на Македонија и денот на ослободувањето на Крушево. Трката е завршен настан од проектот насловен како „Младински активизам за еко туризам“. Учествуваа 50-тина натпреварувачи од повеќе градови. Сите се надеваат дека трката ќе прерасне во уште еден препознатлив бренд за Крушево. Настанот е поддржан од Агенција за млади и спорт, а организатор е НВО – Центар за хумани односи.
Погледнете како изгледаше настанот.