Европа го имаше најтоплото лето во историјата


Европа годинава го имаше најтоплото лето во историјата на мерењата, објавија научници од Европската Унија.

Европската програма Коперник за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август е скоро за еден степен повисока отколку во истиот период од 1991 до 2020 година, што ја прави 2021 година со најтопло лето досега.

Претходните рекорди беа измерени во 2010 и 2018 година.

Жешкото лето 2021 година е најновото во серијата трендови на климатски промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови.

Во соопштението се наведува дека август оваа година, заедно со истиот месец во 2017 година, беше третиот најтопол месец на глобално ниво во историјата на мерењата и беше 0,3 степени потопол од просекот помеѓу 1991 и 2020 година.

Во Европа, август беше близу до просекот од тој период, но не и на целиот континент. Медитеранските земји имаа рекордно високи температури, источно од континентот имаше натпросечно топло време, а на север под просечни температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи