ЕУ: Најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите, нашите мисли се со тетовци

Facebook
Twitter
Email
Print


Европската Унија изразува сочувство по трагедијата што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.

„ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените“, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

„Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените“, пишува Гир на Твитер.

Според досегашните официјални информации, пожарот кој избувна во ковид-центарот во Тетово одзеде 14 животи. Дванаесет лица се преживеани и се во стабилна состојба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи