Потврдени 14 жртви во пожарот во ковид-центарот во Тетово, 12 лица повредени, но во стабилна состојба

Facebook
Twitter
Email
Print


Според досегашните официјални информации на Министерството за здравство, 14 лица загинаа, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност после вчерашниот пожар во модуларниот ковид-центар во Тетово. За време на пожарот, во ковид-цантарот имало вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.

Покрај тројца обвинители од ОЈО Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од ОЈО Скопје. Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот, соопштија од Обвинителството.

Пожарот во кој изгоре модуларниот ковид-центар избувна вчеравечер во 21 часот и многу брзо се рашири. Изгасен беше околу 21.45 часот.

Владата закажа седница во 10 часот на која единствена точка на дневен ред е трагедијата во Тетово. Сите други настани се откажани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи