Германските експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt), пристигнаа денеска во Тетово за да помогнат околу истрагата за несреќата во модуларниот ковид центар во која загинаа 14 лица.
Владата пред неколку дена соопшти дека била потврдена поддршката од Германија за да пристигнат стручни лица во земјава со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.
Тимот кој доаѓа од Германија е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.
117