Нашите модуларни болници се безбедни и градени согласно стандардите, тврди премиерот Зоран Заев.
„Тие се истиот тип како и насекаде во светот. Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани“, изјави денеска Заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата приватна инвестиција во Општина Сарај.
Тој нагласи дека проверките во модуларните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект.
„Трагедијата не погоди сите, ќе ја паметиме цел живот, изгубивме животи. Да сочекаме, да ги видиме форензичките извештаи за да превенираме во иднина“, рече Заев.