Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка во одговор на прашањето дали размислувал да си поднесе оставка од морални причини.
„За што, Мицкоски да дојде премиер да биде? Не, не размислував. Затоа што Мицкоски ќе биде премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, Зијадин Села, кога ќе заслужат. Кога ќе имаат емпатија со народот. Кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеји. А не вака грозотијата да ја користат на најлош начин. Кога е во длабока болка и црнина целата наша држава и народ. И тоа за трите дена жалост, без да мислат за чувствата на децата, на родителите и на сите нас“, рече Заев.