Дел од медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски како се движи по улица во Општина Аеродром.
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања за Рашковски, рече дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.
„Правосудните ограни и МВР соопштиле дека тој има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар и тоа го прочитав во медиумите. Ниту знам јас зошто е виден да се движи слободно, но знам дека има решение од здравствени потреби, точно колку пати во неделата и во кој ден“, одговори Заев.
Рашковски се наоѓа во куќен притвор како осомничен во истрага за набавка на софтвер во периодот додека беше генерален секретар.