Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целот ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите.
„Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и со дел од УО на Лекарската комора каде членуваат матичните лекари.
Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат прегледи кои сега не можат да ги закажуваат.
Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруари кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави“, информира Филипче.
108