ВИДЕО – ОБНОВЕНО : Непознат сторител ја искршил вратата од таблата за електрична енергија во модуларната во Прилеп


Засега непознат сторител со хебла ја искршил вратничката од таблата за електрична енергија од модуларната болница во Прилеп. Обезбедувањето на болницата овој инцидент го забележало синоќа околу 21 часот, кога поради силниот ветар само се отворила вратата од електричната табла, по што веднаш било пријавено во полиција. Од болницата велат дека сторителот не успеал да направи никаква друга штета на електричната табла освен што ја скршил вратничката. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не ни вршела дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

Директорката Кети Смилеска не сакаше да даде изјава во камера но по телефон ни соопшти дека модуларната болница никогаш досега не останала без струја, и дека 17-те пациенти коии се смстени таму, од кои 14 се на кислородна подддршка се комплетно безбедни. Исто така истакна дека не било сосема јасно дали кршењето на таблата се случило синоќа, или некој друг ден, а било забележано вчера од служните за обезбедување. Од полицијата синоќа ги зеле и снимките од сите безбедносни камери во болницата.

Од општата болница во Прилеп велат дека после пожарто во модуларната болница во Тетово, веднаш во прилепската модуларна болница било изврпено дополнителено испитување на сите ПП апаратите, а дополнителна проверка од стручни лица била направена и на сите останати електрични апарати во болницата, а било зголемено и обезбедување на објектот.

Од болницата велат дека после овој инцидент е побарана дополнителна поддршка од МВР околу обезбедувањето, барем во вечерните часови. Од МВР истакнаа дека се работи на случајот и во моментот не може да се изнесуваат други детали.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи