Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денес поднесува пријава против директорката на СОУ Ристе Ристески Ричко-Прилеп. Согласно Законот за јавни набавки, директорот на училиштето како овластено лице на економскиот оператор е должен да го објави планот за јавни набавки заклучно со 31.01.2021 година, изјавија денес од ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денес поднесува пријава против директорката на СОУ Ристески Ристески Ричко-Прилеп. Согласно Законот за јавни набавки, директорот на училиштето како овластено лице на економскиот оператор е должен да го објави планот за јавни набавки заклучно со 31.01.2021 година.
Видно од објавениот План за јавни набавки на економскиот оператор СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп, јасно се гледа дека истиот е објавен на ден 04.02.2021 година, со што е пробиен законскиот рок до 31.01.2021 година.
После оваа наша пријава, надлежните органи треба да постапат со цел утврдување одговорност, која би резултирала со соодветна санкција пропишана со Законот за јавни набавки. Законите мора да се почитуваат и да важат за сите. Никој не смее да ги прекршува и да се става над истите!
Воедно, според информациите кои пристигнуааат до нас, прашуваме дали се потпишани и доделени свидетелства на учениците во ова средно општинско училиште?
Дали во училиштето се применуваат и почитуваат протоколите за работа во време на пандемија? Дали во училиштето има распоред за да можат наставниците да ги подготват годишните и тематските планирања на часовите, или распоредот се соопштува ден за ден?
Прашање е дали учениците се информираат навремено за распоредот на часови и дали на истите им е кажано сами да се снајдат со интернет бидејќи учебниците им биле електронски?
Нека излезе директорката и нека даде одговор пред јавноста на овие прашања.Почитувани, се ближи крајот на хаосот и безредието. Квалитетното образование мора да биде столбот врз кој се гради иднината на една држава. Само со квалитетно образование, може да обезбедиме сигурна иднина за сегашните и идните генерации.
Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Monday, September 20, 2021
„Видно од објавениот План за јавни набавки на економскиот оператор СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп, јасно се гледа дека истиот е објавен на ден 04.02.2021 година, со што е пробиен законскиот рок до 31.01.2021 година.
После оваа наша пријава, надлежните органи треба да постапат со цел утврдување одговорност, која би резултирала со соодветна санкција пропишана со Законот за јавни набавки. Законите мора да се почитуваат и да важат за сите. Никој не смее да ги прекршува и да се става над истите!
Воедно, според информациите кои пристигнуааат до нас, прашуваме дали се потпишани и доделени свидетелства на учениците во ова средно општинско училиште?
Дали во училиштето се применуваат и почитуваат протоколите за работа во време на пандемија? Дали во училиштето има распоред за да можат наставниците да ги подготват годишните и тематските планирања на часовите, или распоредот се соопштува ден за ден?
Прашање е дали учениците се информираат навремено за распоредот на часови и дали на истите им е кажано сами да се снајдат со интернет бидејќи учебниците им биле електронски?
Нека излезе директорката и нека даде одговор пред јавноста на овие прашања.
Почитувани, се ближи крајот на хаосот и безредието. Квалитетното образование мора да биде столбот врз кој се гради иднината на една држава. Само со квалитетно образование, може да обезбедиме сигурна иднина за сегашните и идните генерации“, велат од ВМРО ДПМНЕ.