Едно лице се заразило трет пат со ковид-19, 522 лица по втор пат

Facebook
Twitter
Email
Print


Од почетокот на пандемијата во Македонија, едно лице по третпат се заразило од ковид-19, а вкупно се регистрирани 522 реинфекции, заклучно со 19 септември, стои во неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 починале.

Анализата на ИЈЗ се однесува на податоци до 19 септември, каде се наведува дека пријавени се  187.068 случаи на ковид-19. Од нив, оздравеле 167.810, починале 6.472, а активни се 12.786 болни.

Во статистиката за периодот од 13 до 19 септември, стои дека тестирани се 28.972 материјали, со намалување од 15,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се 3.340 нови позитивни случаи од 32 града во државата, за 3,7% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 14,3%, просечно 11,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.669; 50,0%), а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Пријавени се 154 смртни случаи во 29 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (70), Куманово (12), Струмица (8) и Тетово (8). Најголем број (123; 79,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (143; 4,3%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица ка ј сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста, со статус оздравени се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 23 реинфекции, намалување од 25,8% во однос на минатата недела.

Институтот вели дека се забележува намалување на инциденцата кај 29 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена. Во 5 града се забележува зголемување, додека во два града (Пехчево и Крива Паланка), состојбата е непроменета.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 852 лица, а од нив 596 се на кислородна поддршка и 56 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи