88 нови случаи на Ковид-19 за една седмица и 3 починати во Прилеп- бројот на активни случаи е 275

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 13 до 19 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 88 нови случаи на Ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале 3 лица.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 275, на болничко лекување се наоѓаат 13 лица, од кои 11 се на кислородна поддршка, во домашни услови се лекуваат 262 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.909.

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 446 лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи