Заев: Ние плата земаме да им служиме на граѓаните

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Законот за недела неработен ден е веќе искоординиран со работодавачите и треба само да се изгласа и потсети дека не е коректно да се блокираат закони, бидејќи тие земаат плата за да служат на граѓаните.

„Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат на изборите, ниту нешто можат да сменат во плус или во минус на претстојните избори, треба да се донесат затоа што навистина се добри за целиот наш народ без разлика на неговата политичка определба и секаков вид на друга определба.

Не гледам зошто да се блокира законот за недела како неработен ден, го чекаат работниците во државата. Искоординирано е со коморите и компаниите. Ако тој се донесе денеска од следната недела буквално или после таа многу работници конечно во недела ќе бидат со своите семејства. Тоа ќе се донесе веројатно во ноември, декември, ако биде сега блокирано во септември, но час поскоро ако се донесе, час поскоро работниците ќе можат да го уживаат своето слободно време со децата, а семејството е многу важно, а при тоа неделата знае да наполни батерии и за понеделник“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи