Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден.
„Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат. Ги потсетуваме дека и тие имаат некој близок кој поради нивниот однос ќе продолжи да работи во недела, нема да биде платен за тоа, а пратениците ќе продолжат да ги уживаат нивните привилегии на грбот на работникот, па така тие кога ќе бидат во парламентот вo недела ќе добијат и надомест, плата и патни трошоци, а вработените во собранието и работниците во Државата нема да добијат ништо“, велат од Синдикатот.
Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика.