Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека е заменлив, како и секој друг функционер кој е на функција. Тој побара да не коментира додека тече истрагата за трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово во која животот трагично го загубија 14 лица.
„Дозволете ми да не коментирам бидејќи има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба. Јас ќе бидам на располагање по завршувањето на тој процес“, рече Заев.
На прашањето пак дали е незаменлив, бидејќи премиерот Зоран Заев изјавил дека се потребни барем шест месеци за да се прилагоди негов наследник, Филипче одговори дека, според него, секој е заменлив.
„Не, секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, таа е мој генерален став по однос на се“, истакна Филипче.