Проект “E help North Macedonia“: Приближување на социјалните услуги до луѓето кои немаат лесен пристап до истите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


ЛАГ АГРО Лидер и ЛАГ од Австрија, денеска го одржаа првиот иницијален состанок во склоп на проектот “E help North Macedonia”. Проектот е поддржан од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Целта на проектот е подобрување на пристапот до социјални услуги преку вмрежување и  дигитализација. Проектот ќе овозможи формирање на мобилни тимови како и креирање на дигитална платформа.

„Мрежата на лагови во соработка со ЛАГ од Австрија со поддршка на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи започнаа со спроведување на проектот којшто е насочен да го подобри простапот до правото од социјална помош и социјални услуги посебно за лица од руралните области.

Проектот ќе овозможи да се формираат мобилни тимови кои ќе ги посетуваат руралните места во Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Тие ќе информираат и ќе нудат советодавна поддршка за лицата како да пристапат до социјални услуги. Воедно, во склоп на проектот ќе се креира и дигитална платформа кадешто ќе може да се следат правата и мерките од социјална заштита, мерките за вработување и сл., се со цел преку дигитална социјална инфраструктура да овозможиме еднаков пристап до информации за сите“, истакна Марина Тодороска, ЛАГ АГРО Лидер.

Директорот на Јавната установа Меѓуопштински центар Прилеп, Дејан Тошески истака дека проектот е навистина потребен од причина што дава еден полесен пристап до правата и услугите од социјалната заштита за жителите на руралните средини.

„Јавната установа Меѓуопштински центар Прилеп во соработка со невладината организација ЛАГ Агро Лидер од Кривогаштани, поддржана финансиски од Република Австрија и Министерството за труд и социјална политика работи на проект наречен  “E help North Macedonia“ – подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување“. Со овој проект 4 млади високообразовани кадри од полето на социјалната заштита ќе работат на теренска работа во руралните средини во општините каде ние сме месно надлежен центар, а сме меснонадлежен центар во општина Прилеп, општина Долнени и општина Кривогаштани. Овој проект е за поздравување од причина што дава еден полесен пристап до правата и услугите од социјалната заштита за жителите на руралните средини, пристап кој со оглед на територијалната поставеност на општините и Центарот е оддалечен. Давам особена благодарност до господинот Харолд Фунгер кој е аташе за труд и социјална политика во Македонија за Република Австрија, како и на партнерските невладини организации од Република Австрија. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да соработуваме и да ја унапредуваме и да ја надоградуваме нашата соработка“, порача Тошески.

„Во овој проект станува збор за дигитализација на дигиталните услуги и откако истиот е поддржан од австриското министерство за труд и социјала ние станавме партнер во имплементација на истиот. Ние сме веќе неколку дена тука во Македонија и ја опсервираме ситуацијата, а напролет ќе има посета на една македонска група во Австрија за да направи инспекција на лице место за да се види како функционира проектот. Во меѓувреме предвидени се повеќе работилници, а мобилниот тим којшто веќе е конституиран и формиран ќе биде активен во имплементацијата на проектните  активности на секое ниво. Заедно со актерите во регионот, со експертизата од Министерството и се разбира со финансиски средства од Министерството се надевам дека успешно ќе го имплементираме овој проект и се надеваме на понатамошна соработка“, рече Стефан Нидер Мосер од ЛАГ Австрија.

Харолд Фугер, аташе на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи порача дека проектот е многу возбудлив, но воедно е и предизвик, не само во Македонија, туку и во многу држави, но верува дека истиот ќе допринесе за да се приближат социјалните услуги на луѓето, коишто немаат лесен пристап до истите.

„Најпрво, сакам да се заблагодарам за присуството на медиумот за написите којшто тие ги прават за сите проекти во којшто сме ние тука во Прилеп и во регионот активни. Огромна благодарност и до директорот на Центарот за социјални грижи, до невладината организација ЛАГ АГРО Лидер и австрискиот партнер, коишто зедоа активно учество во имплементирање на активностите од овој проект. Содржината која го опфаќа овој проект е предизвик, не само во Македонија, туку и во многу држави. Ние им ги приближуваме социјалните услуги на луѓето, коишто немаат лесен пристап до истите. Институциите чекаат на барања ако на некој му е потребна било каква поддршка, но сиромашните и луѓето коишто имаат низок степен на образование не знаат точно каде да се обратат, не знаат точно до која институција да ги достават овие барања. Тие не знаат какви се права можат да уживаат, каков вид на поддршка им следува, не знаат каде да се обратат. Луѓето од една страна се маргинализирани заради сиромаштија, но од друга страна живеат во региони коишто се оддалечени и за да стигнат до центрите да поднесат таква апликација и такво барање им е потребно не само време, туку и финансиска поддршка.

Затоа е многу важно социјалните работници да бидат достапни за секого, да појдат таму директно во селата и да им ја пружат помошта на луѓето на кои што навистина им е потребна. Значи да ја идентифицираат потребата и да ги поддржат при самото изготвување на апликацијата да добијат социјална поддршка, да ги советуваат и да ги проследат во целокупниот процес.

Дигиталната платформа која е предвидена во овој проект ќе ги содржи сите овие информации кои се релевантни, кои социјални права ги уживаат луѓето по закон, значи им следуваат по закон. Можеби ќе го има во дигитализирана форма и самиот формулар за аплицирање за социјална помош и на некој начин ќе го олесни целокупниот процес за социјална заштита на луѓето на кои што најмногу им е потребна, токму на маргинализираните групи. Во принцип целокупно земено станува возбудлив проект, којшто ќе ги покаже најдобрите практики во цела Европа“, порача Фугер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи