Скопје ќе биде првиот град во Македонија кој ќе ја користи 5Г мрежата, соопшти денеска директорот на АЕК, Јетон Акику гостувајќи во емисијата „Утрински брифинг“.
Што се однесува до моменталната состојба на брзината на интернет во државата, Акику вели дека половина од државата има брз интернет.
„Приближно 24% од домаќинстватата во Македонија имаат склучено договор за 20 до 30 МБ во секунда и 21% од домаќинствата имаат склучено договор помеѓу 50 и 100 МБ“, вели Акику.