Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 23 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, кога времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, а во деновите од викендот стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.