Директорот на Институт за имунологија, Александар Петличковски смета дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет.
„Бустер дозата кај нас нема многу да помогне за колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои не примиле ниту прва доза“, изјави во интервју на Утринска на Телма, директорот на Институт за имунологија, Александар Петличковски.
Петличковски смета дека треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години.