ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Зелената агенда на СДСМ Прилеп е само лош пиар, без ниту еден реализиран проект


По примерот на коалициониот партнер ДУИ, ете и СДСМ баш пред локалните избори доживува внатрешна катарза и чудесно се трансформира во зелена партија, спасител на животната средина, стои во денешното соопштение на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Факт дека тоа не е така, е катастрофалниот учинок на локалната власт на СДСМ Прилеп во заштитата на животната средина и квалитетот на живот во последните 4 години.

Ајде да видиме со што се фали СДСМ Прилеп:

-Изградба на пречистителна станица за урбани отпадни води – започната и реализирана од локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ.

– Сомнителна милионска набавка на 4 автобуси, кои по една недела се расипаа

-Термоизлациона фасада на гимназија Мирче Ацев –проект кој го прикажуваат како готов, а всушност во моментов нешто прават, заради што учениците од гимназијата не можат да имаат нормална настава.

СДСМ во последните 4 години не само што не реализираа нити еден проект за заштита на животната средина туку не успеаа да ги одржат и проектите реализирани од претходната локална самоуправа на ВМРО ДПМНЕ.

Не успеа да ги одржи зелените површини во градот и не изгради нови. Во незавидна состојба е паркот на 5-та Прилепска Бригада со искршени игралишта, уништени тревни површини и расфрлан отпад на сите страни.

Паркот во населба Точила е крајно запуштен, а иста е состојба со останатите паркови и зеленила низ градот.

Пропаѓаат фонтаните во градското централно подрачје, а хигиената е на најниско можно ниво. На секој чекор никнуваат нови диви депонии кои ја загадуваат животната средина.

Комично и исторемено навредливо е да ги убедувате граѓаните дека живеат во најеколошкиот град во Македонија а истите тие граѓани и нивните деца се трујат со отрови и чад од локалната депонија која непречено гори.

Ветувањата на СДСМ за трансформција на Прилеп во зелена оаза не се ништо друго освен лош пиар и несериозно сработени идеи по примерот на легендарната програма за изградба на 500 акумулации.

Затоа ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи Прилеп да биде еколошки неуспешен експеримент. После победата на 17 октомври, го враќаме приматот на Прилеп, како најчист град во Македонија!“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи