Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека Македонија е прва во регионот по транспарентност.
„Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно. А, кога сѐ е јавно, корупцијата не се исплати.
Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот.
Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот.
Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот.
Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми.
Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата со освоени 62% од поставените критериуми.
Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата“, напиша Заев.