Левица: Преку општината се испумпуваат наши пари до локални моќници


И покрај постоењето на Државната Агенција за вработување, Општина Прилеп и речиси сите јавни претпријатија побарале да склучат „Договори за јавна набавка со приватни агенции за вработување – за набавка на услуги за привремени вработувања”, велат од Левица. За само една година, општина Прилеп префрлила над 838 илјади евра на една фирма.

Во продолжение, соопштението во целост:

„51.502.074.00 денари (838.796.00 евра) пари од општината се префрлени само на една ваква фирма во рок од само една година за што самата фирма за услугата ќе си наплати 7% фиксно од бруто платата на секое лице што го застапува со што граѓаните на нашата општина се оштетени со општо-штетен договор и до 58.000 евра за само една година кон само една фирма. Префрлањето на средствата со кои ќе располага приватната агенција, општината го извршувала унапред за цела година со што и фантом-фирма со еден вработен може да биде вклучена во игра.

Гевгелија, Крушево, Демир Капија, Лозово, Кавадарци, Битола, Долнени, Валандово се исто така клиенти и не е јасно како со една канцеларија во Прилеп ги менаџираат сите овие општини?

Сезонска работа, работа на проект, привремено зголемен обем на работа.. се само неколку ставки под кои многу наши сограѓани се надеваат дека ќе бидат работно повикани макар и без решение но за корка леб. Ги држат без Решение за работен однос и под притисок за прекинување на ангажманот се уценувани да гласаат за одредена политичка партија.

Капак на сето ова во договорот стои дека лицата кои ќе бидат ангажирани преку агенцијата за привремени вработувања ќе бидат осигурани во ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА со што се зголемува кругот на трансакции и према други побарувачи на сметка на Фондот за пензиско осигурување и самите работници.

Интересен е и Член 15 со Завршните одредби:

„Договорените странки можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој Договор САМО СПОГОДБЕНО (Анекс на договорот)” т.е. без можност за поширок увид, објавување на јавен повик или слично. САМО дирекно во четири очи!

Врв на се е тоа што овој договор е испишан и со печатни грешки и без Име и Презиме на потписникот од приватната агенција“, стои во соопштението од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи