Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот. Маричиќ вели дека целта е сите граѓани да се попишат и ниту еден да не остане непопишан. Тој информира дека до денеска се попишани скоро 1,8 милиони граѓани.
„Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што се уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде што граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани.
Наша цел е пописот да се заврши во законски предвидениот рок, доколку има било што друго навреме ќе ја известиме јавноста“, рече Маричиќ.
106