Поради дождот, одложена денешната Критична маса #71 за наредната среда


Се одложува денешната 71ва по ред Критична маса со наслов „Нови ветувања за вело иднина доаѓаат, а после тоа плановите за вело иднина пропаѓаат“ што ја организира ПрилепНаТочак.

Организаторите преку соопштение известија дека заради најавениот дожд Критичната маса се оодложува за среда 6 октомври, во 17.30 кај споменикот Александар Македонски.

„Почитувани, денешната критична маса поради најавениот дожд и лошото време се одложува за наредна среда 6 октомври, во исто време 17:30 часот на исто место.

Да им овозможиме и на најмалите учесници да возат и да учествуваат. За наредната среда се најавени добри временски услови, се гледаме во среда во 17:30 часот“, велат од ПрилепНаТочак.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи