Јохансон: Западен Балкан не е засегнат од предлогот на ЕК за укинување на безвизниот режим

Facebook
Twitter
Email
Print


Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, реагираше на документот објавен во ЕУОбсервер утрово во кој се вели дека е доведен во прашање безвизниот режим со ЕУ за источните земји, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање попладнево, Јохансон рече дека Европската комисија предложи алатка за суспендирање на безвизниот режим за земјите што не ги почитуваат своите обврски за реадмисија, но дека земјите од Западен Балкан не се засегнати.

„Имаме нова алатка во раце во визниот кодекс според кој Комисијата секоја година проценува како третите земји соработуваат за реадмисија, и ако тоа не го прават, предлагаме санкции за олеснетиот визен режим кон овие земји, за првпат Комисијата го презентираше летово и сега се процесуира, но ниедна од земјите од Западен Балкан не се наоѓа во нашиот предлог“, изјави Јохансон.

Утрово ЕУОбсервер објави дека меѓу земјите членки циркулира интерен документ за да се овозможи враќање на визниот режим за земји чии граѓани не ги почитуваат своите обврски во рамките на договорите за либерализација на визите.

Станува збор најчесто за граѓани од Молдавија, Грузија и Украина, но Франција и Германија, меѓу другите, се пожалиле и на зголемен број на неосновани барања за азил од страна на жители на Србија и Албанија.

Од Европската комисија велат дека повеќе детали за овој документ треба да се побараат од Советот на ЕУ каде заседаваат земјите членки, но дека ваков предлог во Европската Комисија нема.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи